09 јули 2026
• од Темелко Тошев
Гостувајќи во подкастот „Почетна пресметка“, Арбен Таравари го отвори прашањето за полагањето на правосудниот испит на албански јазик, посочувајќи дека станува збор за логичен тек на работите со оглед на тоа што високото образование во државата веќе се одвива на овој јазик.
Таравари истакна дека во земјава функционираат повеќе универзитети на албански јазик каде студентите ги полагаат сите тековни испити на мајчиниот јазик, па оттука смета дека е нелогично да се ограничува само финалниот државен испит. Тој направи паралела со другите професии, потсетувајќи дека испитите за државни административци, како и завршните државни испити за медицина, стоматологија и фармација, веќе можат непречено да се полагаат и на македонски и на албански јазик, по избор на кандидатот.
Осврнувајќи се на критиките од одредени експерти кои преку медиумите прашуваат како идните правници ќе работат на македонски јазик доколку правосудниот испит го полагаат на албански, Таравари потенцираше дека пазарот на трудот и амбициите на самите кандидати природно го наметнуваат познавањето на двата јазика.
„Абе луѓе, тие нема да станат судии сите. Кој што сака да конкурира за судија ќе мора да знае македонски и албански. Тој што ќе биде адвокат ќе мора да знае македонски, оти тој влегува во пазарот на трудот. Нели секој адвокат сака да има што повеќе клиенти“, појасни Таравари во своето излагање.
Според него, јазикот на кој се полага стручниот испит не го ограничува понатамошното професионално дејствување. Напротив, самите професионални предизвици и потребата за успешна кариера во правосудството и адвокатурата наметнуваат неопходно владеење на македонскиот јазик со цел остварување на поголем успех на пазарот.
Невообичаен инцидент во Штип: Багер урна дел од куќа додека семејството спиело
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

