09 јули 2026
• од Темелко Тошев
Најслаба застапеност и најмало влијание на Албанците во извршната власт од деведесеттите години до денес – вака Арбен Таравари ја оценува актуелната состојба во Владата. Тој упати остри критики за капацитетот, видливоста и авторитетот на актуелните владини функционери, посочувајќи дека тие немаат никакво реално влијание во креирањето на државните политики.
Според Таравари, јавноста воопшто не ги познава луѓето кои раководат со државните институции.
„Направете анкета, побарајте од граѓаните да кажат два министри Албанци од Владата. Ви гарантирам дека 70 до 80 отсто од луѓето ќе ви кажат дека не знаат кои се. Тие се тотални анонимуси,“ изјави Таравари.
Тој направи паралела со политичките гарнитури од минатото, потенцирајќи дека поранешните министри Албанци биле вистински авторитети, за разлика од денешните кои, според неговите тврдења, се целосно дезориентирани во своите ресори.
„Имате министри кои воопшто немаат врска што се случува во министерството. Ова е најмал импакт, најмало влијание кое го имаат во општите политики на државата досега,“ дециден е Таравари.
Критиките не беа насочени само кон министерските позиции. Таравари изнесе сериозни обвинувања за неажурноста и отсуството на нивните заменици, како и за скандалозно однесување на висок владин функционер.
„Имаме заменици-министри кои јавноста воопшто не ги знае, кои или воопшто не одат на работа или одат еднаш неделно. Имаме и вицепремиер кој три месеци е надвор од државата и никој не знае зошто и каде е, а во меѓувреме зема плата,“ обвини Таравари, илустрирајќи ја според него целосната нефункционалност на актуелните претставници во извршната власт.
Невообичаен инцидент во Штип: Багер урна дел од куќа додека семејството спиело
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

