04 мај 2026
• од Гоце Кически
На 4 мај се одбележува годишнината од смртта на Гоце Делчев — една од клучните фигури во ослободителното движење на крајот од XIX век. Неговите писма и размислувања и денес се читаат како директен увид во предизвиците со кои се соочувало револуционерното дело.
Во фокусот е писмото до Никола Малешевски од 1899 година, во кое Делчев отворено говори за поделбите и слабостите во ослободителното движење:
„Отцепувањата и разцепувањата никако да не нè плашат. Дејствително жално е, но што можеме да правиме кога си сме Бугари и сите страдаме од една заедничка болест! Ако таа болест не постоеше кај нашите предци, од кои е наследство и во нас, немаше да паднеме под грозниот скиптар на турските султани. Наш, се разбира, долг е да не се поддаваме на таа болест, но можеме ли истото да го направиме и со другите лица? Па имаме зафатено и нешто од грчките болести, а имено — колку глави, толку капитани. Пустата му слава!... Секој сака да блесне, па не ја знае фалшот и на тој блесок. Вај на тие над страдањата на кои се разигруваат сите тие комедии.“
Овој цитат, задржан во својата изворна смисла, ја покажува способноста на Делчев за самокритика и неговото длабоко разбирање на внатрешните слабости што можат да го поткопаат едно движење.
Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО), основана во 1893 година, претставувала централен двигател на револуционерната активност на бугарите во Македонија и Одринско во рамките на Отоманската империја. Нејзината цел била создавање автономија преку организирана, внатрешна борба.
Делчев бил меѓу главните организатори на мрежата на комитети, инсистирајќи на дисциплина, координација и постепена подготовка на населението. Но, како што сведочи и писмото, организацијата се соочувала со сериозни внатрешни предизвици — поделби, различни стратегии и лични амбиции.
Гоце Делчев загинал на 4 мај 1903 година кај селото Баница, непосредно пред Илинденско-Преображенското востание. Иако не го доживеал неговиот тек, неговото влијание врз револуционерното движење останало длабоко.
Неговите зборови и денес се читаат како предупредување дека успехот на секоја заедничка кауза зависи не само од надворешните услови, туку и од способноста да се надминат внатрешните поделби.
Во тој контекст, Делчев останува историска фигура чие наследство продолжува да се толкува, но и да повикува на сериозно размислување за единството, одговорноста и заедничката цел.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

