09 октомври 2026
• од Гоце Кически
Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави одговор по смртоносните руски напади врз Прилуки и Краматорск. Тој нагласи дека Украина нема да напаѓа деца, туку ќе ги насочи своите дејства кон одговорните за нападите.
Во нападот врз Прилуки загинаа 22 лица, меѓу кои пет деца, а 54 беа повредени. Зеленски изјави дека седум деца се меѓу повредените. Во одделен напад врз Краматорск, според украинските власти, загинале десетици луѓе.
Зеленски соопшти дека разговарал со украинските безбедносни служби, но не откри детали за можниот одговор. Како што пренесува UKRINFORM, тој порача дека одговорните за нападите наскоро ќе се соочат со последици.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

