20 септември 2026
• од Темелко Тошев
Украинските сили првпат ја употребиле новата домашна балистичка ракета „Пеликан“ во голем стратешки удар врз цели во Москва и околината, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Според украинските власти, погодена била Московската нафтена рафинерија во Капотња, на околу 15 километри од Кремљ. Генералштабот на Украина соопшти дека биле погодени неколку клучни постројки за преработка на нафта и дека избувнал голем пожар.
Во операцијата учествувале повеќе украински безбедносни и воени структури, а покрај ракетата „Пеликан“, биле употребени и беспилотни летала со долг дострел. Зеленски изјави дека целите биле објекти од нафтената индустрија и логистиката што ја поддржуваат руската воена машинерија.
Украинските сили во изминатиот период ги засилија стратешките удари врз руски рафинерии и друга енергетска инфраструктура, која Киев ја смета за важна за финансирањето и снабдувањето на руската војна против Украина.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

