20 септември 2026
• од Гоце Кически
Францускиот претседател Емануел Макрон ја истакна важноста на односите со Канада за време на посетата на францускиот архипелаг Сен Пјер и Микелон, каде што денеска треба да се сретне со канадскиот премиер Марк Карни.
Макрон оцени дека средбата со Карни претставува силен знак на пријателство меѓу двете земји. Разговорите треба да бидат насочени кон продлабочување на соработката во енергетиката, критичните минерали, воздухопловството и новите технологии.
Франција и Европската Унија се заинтересирани и за канадските резерви на критични суровини и ретки минерали, како и за снабдување со течен природен гас. Целта е Европа да обезбеди посигурни извори на стратешки суровини и енергија.
Средбата се одржува во период кога Канада ги продлабочува односите со Европската Унија. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, неодамна предложи Канада да добие статус на прв придружен член на Унијата, идеја што наиде на критики од американскиот претседател Доналд Трамп.
Сен Пјер и Микелон е француска прекуморска територија во близина на канадскиот остров Њуфаундленд. Посетата ја нагласува и стратешката важност на француското присуство во Северниот Атлантик, како и растечката соработка меѓу Франција и Канада.
Бугарски вселенски успех: ЕндуроСат стана компанија вредна над милијарда долари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

