20 септември 2026
• од Димитар Стојановски
Снимка објавена од Кремљ од електронското гласање на рускиот претседател Владимир Путин привлече внимание поради необичен детаљ на неговиот компјутер. На екранот се гледа пораката „Активирај Виндоус“, која се појавува кога оперативниот систем не е активиран.
Путин гласаше преку интернет од својот кабинет во Кремљ на парламентарните избори за Државната дума. На крајот од постапката, кога на екранот се појавува потврда дека гласот е примен, во долниот агол од мониторот може да се забележи и ознаката за активирање на Виндоус.
Детаљот брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни коментари. Самата порака не докажува дека оперативниот систем е пиратски, туку дека копијата на Виндоус на тој компјутер во моментот не била активирана.
Снимката привлече дополнително внимание бидејќи рускиот претседател користи американски оперативен систем во период кога Москва со години промовира поголемо користење домашни технолошки решенија.
Бугарски вселенски успех: ЕндуроСат стана компанија вредна над милијарда долари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

