13 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Европската Унија во понеделник во Луксембург официјално ќе ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија. Процесот започнува со отворањето на првиот и најважен преговарачки кластер, кој се однесува на темелните права, правосудството и владеењето на правото.
Веста ја потврди претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, кој ја нагласи важноста на овој момент за иднината на Унијата и земјите кандидатки.
„Европската Унија денеска направи голем чекор напред. Сите земји членки се согласија да го отворат првиот кластер од пристапните преговори со Украина и Молдавија“, изјави Коста.
Овој кластер претставува основа на пристапниот процес. Според новата методологија за проширување на ЕУ, овие области традиционално први се отвораат, а последни се затвораат во текот на преговорите.
Првиот кластер ги опфаќа клучните вредности врз кои е изградена Унијата, како што се функционирањето на демократските институции и заштитата на основните права, а во себе содржи пет преговарачки поглавја:
Паралелно со историскиот исчекор за Киев и Кишињев, во Луксембург ќе се одржи и меѓувладина конференција со Црна Гора.
На оваа конференција, Црна Гора официјално ќе ги затвори преговорите во уште две значајни поглавја:
Црна Гора останува најнапредната земја кандидат во процесот на пристапување кон европското семејство. Досега земјата има затворено вкупно 14 преговарачки поглавја. Властите во Подгорица се оптимисти и најавуваат амбициозен план – до крајот на оваа година имаат намера да ги затворат и сите преостанати поглавја од пристапниот процес.
Нови мерки против пожарите: Од 1 јули се забранува движење во шума без дозвола
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

