12 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, упати остри критики до Владата предводена од Христијан Мицкоски, обвинувајќи ја за целосно отсуство на план и стратегија за европската интеграција на државата.
Во гостувањето во емисијата „24 Анализа“, Спасовски истакна дека владејачката партија континуирано ја манипулира јавноста, додека граѓаните остануваат без конкретни одговори и без реални чекори за напредок кон Европската Унија.
Пропуштен геополитички момент и стагнација
Според Спасовски, македонските граѓани со право бараат јасни одговори од премиерот за тоа кој е предлогот на Владата за продолжување на процесот. Тој изрази загриженост дека актуелната власт свесно го пропушта клучниот геополитички моментум за напредок.
„Се плашам да не биде само замајување на јавноста дека водиме некаков разговор и дека нешто ќе направиме. Се поставува прашањето зошто не се преземат чекори со коишто ќе одиме напред и да го искористиме тој геополитички момент. Јас, две години откако Мицкоски ја извршува позицијата претседател на влада, освен тоа дека тој нема намера да направи еден чекор, немаме никаква друга информација“, потенцираше Спасовски.
Повик за референдум и сомнеж во искреноста на ВМРО-ДПМНЕ
Спасовски потсети дека СДСМ веќе ја повика Владата да преземе одговорност за евроинтегративниот процес, сугерирајќи дека доколку е потребно, тоа треба да се направи и преку ново изјаснување на народот. Тој отворено се посомнева во декларативните заложби на владејачкото мнозинство за членство во Унијата.
Отсуство на суштински реформи
Покрај критиките за надворешната политика и евроинтеграциите, пратеникот на СДСМ се осврна и на внатрешните состојби. Тој обвини дека по две години власт на Мицкоски, не се спроведени никакви суштински реформи и дека институционалниот систем останува непроменет и нефункционален.
Како пример за системскиот неуспех, Спасовски ја посочи трагедијата во Кочани:
„Еве две години власт, која политика е променета од минатото? Што е тоа што се направи како сериозна реформа во којашто ќе речеме дека го менуваме системот? Ја имавме трагедијата во Кочани и до денес не се направи ништо во тој дел за да кажеме да го менуваме системот“, заклучи Спасовски.
Нови мерки против пожарите: Од 1 јули се забранува движење во шума без дозвола
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

