13 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Православните верници денеска го одбележуваат споменот на Светиот апостол Ерма, еден од седумдесеттемина апостоли чие име е запишано и во Светото Писмо, поточно во Посланието на светиот Апостол Павле до Римјаните.
Иако родум бил Грк, Светиот апостол Ерма долго време живеел и дејствувал во Рим. Својот живот го посветил на црквата и служел како епископ во Филипопол, а својот овоземен пат го завршил маченички, сведочејќи за својата вера.
Од големо богатство до крајна сиромаштија
Животот на Ерма бил исполнет со големи пресврти. На почетокот тој бил многу богат човек, но поради тешките гревови на своите синови, западнал во крајна сиромаштија. Сепак, тој не ја изгубил надежта и продолжил ревносно да се моли.
Еднаш, додека бил на молитва, доживеал чудесно откровение. Му се јавил човек во бела облека и со стап во рацете, претставувајќи се како Ангел на покајанието. Ангелот му порачал дека му е испратен за да го придружува и води сè до крајот на неговиот живот. Инспириран од ова небесно откровение, Ерма ја напишал многупоучната христијанска книга позната под името „Пастир“.
При нивната средба, Ангелот му предал на Ерма дванаесет важни животни и духовни заповеди кои претставуваат силен патоказ за секој верник:
Нека е за многу години денешниот празник!
Нови мерки против пожарите: Од 1 јули се забранува движење во шума без дозвола
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

