12 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека Владата ги има преземено сите неопходни мерки за менаџирање и справување со пожарите во текот на оваа сезона. Според неговите зборови, државата е подготвена за предизвиците што ги носи летниот период.
Како што истакна премиерот, сите три авиони наменети за гаснење пожари се навремено сервисирани и подготвени за интервенција. Дополнително, оспособени и прилагодени се и воените возила кои ќе се користат за интервенции во случај на пожари.
Покрај техничката подготвеност, се воведува и важна превентивна мерка – од 1 јули се воведува целосна забрана за движење во шумите без соодветна дозвола.
„Владата донесе одлука за забрана за движење во шумите почнувајќи од 1 јули. Општините, преку ЗЕЛС, добија насоки да ги исконтролираат сите колективни субјекти, депониите и другите потенцијално опасни места за да се утврди дали ги исполнуваат условите. Доколку не ги исполнуваат, тие ќе бидат веднаш санкционирани. Како Влада ги презедовме сите мерки, но факт е дека сезоната е таква каква што е“, изјави премиерот Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека институциите се целосно организирани и дека работат во тесна координација со општините со цел континуирана контрола на зоните со висок ризик од пожари.
Надлежните институции упатуваат силен апел до сите граѓани:
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

