17 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Првиот претседател и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, упати остра и недвосмислена критика кон актуелната политика на партијата што самиот ја формираше. По повод годишнината од основањето во 1990 година, поранешниот премиер направи драстична паралела помеѓу првобитните идеали на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното денешно дејствување.
Потсетувајќи се на почетоците, Георгиевски во својата изјава истакна дека на денешен ден во 1990 година, заедно со група истомисленици, го удрил темелот на партијата со една јасна, историска мисија.
„За основна цел ја поставив самостојна Македонија надвор од велико-српските канџи!“ – посочува Георгиевски, евоцирајќи ги спомените од периодот на распадот на Југославија кога фокусот беше ставен на обезбедување суверен пат за македонската држава.
Сепак, она што ја одбележа неговата порака не е само носталгијата по минатото, туку директниот напад врз денешниот курс на партијата. Георгиевски смета дека денешното ВМРО-ДПМНЕ целосно скршнало од своите основачки принципи и дека наместо да го штити македонскиот идентитет, работи на негово деградирање.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

