29 април 2026
• од Темелко Тошев
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска се очекува разрешница за еден од најекспонираните судски процеси за трговија со дрога изминатава година. Судијата денеска ќе ја објави пресудата за Раде Трајковски – Штекли и уште четворица обвинети, кои се дел од организирана криминална група инволвирана во меѓународна и локална трговија со кокаин и марихуана.
Случајот на почетокот опфаќаше вкупно 16 лица, но судскиот епилог за поголемиот дел од нив веќе е познат. Седуммина обвинети веднаш признаа вина и склучија спогодби со Обвинителството, со што беа осудени на затворски казни од 3 до 3,5 години. Дополнително, уште четворица признаа вина во текот на процесот, по што постапката за нив беше раздвоена.
Денешната пресуда се однесува на групата која одби да признае вина, предводена од Трајковски-Штекли.
Според обвинителниот акт, групата функционирала како добро подмачкана машина во периодот од јануари 2024 до јануари 2025 година. Обвинителството тврди дека:
Наспроти тврдењата на обвинителството, одбраната на првообвинетиот останува на ставот дека нема цврсти докази за негова инволвираност. Трајковски на самиот почеток изјави дека не го разбира обвинението, додека неговите адвокати потенцираа дека Обвинителството не понудило докази дека тој навистина формирал група или давал инструкции.
Според нив, целиот случај е изграден на претпоставки, а не на конкретни материјални докази кои директно го поврзуваат Трајковски со запленетата дрога.
Што понатаму? Доколку судот ги прифати доказите на Обвинителството, на обвинетите им се закануваат високи затворски казни согласно Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Пресудата ќе биде соопштена во текот на денот.
Филипче: Со укинувањето на техничката влада, власта подготвува изборна кражба
Македонка која го вљуби албанскиот јазик: Јазикот како мост, а не како пречка
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

