29 април 2026
• од Темелко Тошев
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето последно интервју за телевизија „Алсат“ упати сериозни обвинувања до актуелната власт. Според него, најавените измени за укинување на техничката влада се директен обид за загрозување на фер и демократскиот изборен процес во државата.
Филипче смета дека постоењето на техничка влада е неопходно за да се спречат манипулации со гласовите на граѓаните. Тој потенцираше дека без овој механизам, институциите остануваат без потребната контрола во предизборниот период.
„Техничка влада мора да остане затоа што на маса се фер и демократски избори. Без неа нема гаранција дека тоа ќе се случи. Всушност, нема да се случат фер и демократски избори. Се спрема изборна кражба“, изјави Филипче.
Лидерот на СДСМ потсети дека овој модел е воспоставен како резултат на длабока политичка криза во 2016 година, со посредство на меѓународната заедница. Тој упати директно прашање до премиерот Христијан Мицкоски за промената на неговиот став од пред неколку години.
„На барање на Христијан Мицкоски во 2018 година, беше донесена измена со која беше утврдено техничката влада да важи до влезот на Македонија во Европската унија. Зошто сега му се брза? Зошто сега сака тоа да се тргне? Тоа е единствената гаранција дека во земјава ќе има фер избори“, нагласи тој.
Според Филипче, главната причина за ваквите чекори на власта е стравот од опозициските министри кои, како дел од техничката влада, би имале увид во работата на министерствата. Тој тврди дека власта сака да ги скрие своите „престапи и криминали“ со тоа што ќе ја елиминира секоја форма на институционална контрола.
Како следен чекор, Филипче најави радикализација на политичкото дејствување на СДСМ доколку власта продолжи со „насилничкото“ носење на измените.
„Ако овој закон се донесе на ваков начин, ќе ја напуштиме работната група за Изборниот законик. Не може да се однесуваат вака насилнички. Оваа влада беше донесена со консензус од четирите најголеми партии и гаранти од САД и ЕУ. Нема да дозволиме носење на закон за влада на ваков шверцерски начин“, порача претседателот на СДСМ.
Македонка која го вљуби албанскиот јазик: Јазикот како мост, а не како пречка
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

