27 април 2026
• од Гоце Кически
Демократската унија за интеграција (ДУИ) и коалицијата „Европски фронт“ официјално ја започнуваат процедурата за собирање пратенички потписи со цел отворање на процесот за уставни измени. Ова денеска на прес-конференција во Собранието го соопшти пратеникот и координатор на пратеничката група, Блерим Беџети.
Според деловничките процедури, за поднесување предлог за измена на Уставот се потребни потписи од најмалку 30 пратеници. Беџети упати јавен повик до сите колеги во законодавниот дом, со посебен акцент на коалицијата ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ, да ја поддржат оваа иницијатива.
Беџети истакна дека евроинтегративниот процес не смее да стагнира поради партиски стратегии и дека моментот бара државничка одговорност.
„ВМРО-ДПМНЕ не може сите заедници и граѓани да ги остави во заложништво. Ова се сериозни моменти и потреби, затоа бараме 30 пратеници, а особено ги повикуваме пратениците од ВЛЕН,“ изјави Беџети.
Координаторот на „Европскиот фронт“ директно ги повика пратениците од ВЛЕН да останат доследни на своите предизборни ветувања, потсетувајќи ги дека уставните измени беа дел од нивната програма.
Од „Европскиот фронт“ децидни се дека оваа иницијатива не претставува политички притисок врз власта, туку реална потреба за деблокирање на патот кон Европската Унија. Беџети изрази надеж дека во Собранието ќе преовладува разумот и дека пратениците од владејачкото мнозинство, вклучително и оние од ВМРО-ДПМНЕ, на крајот ќе гласаат за внесување на Бугарите во Преамбулата на Уставот.
Целта на оваа иницијатива е да се отвори перспектива за граѓаните и државата конечно да се придвижи напред во преговорите со Брисел.
Петер Маѓар в среда во Брисел на итни разговори за одмрзнување милијарди евра од ЕУ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

