28 април 2026
• од Никола Трајковски
СДСМ објави соопштение во кое предупредува на, како што велат, сериозна и загрижувачка состојба на државниот буџет, повикувајќи се на последните официјални податоци.
Според партијата, буџетскиот дефицит веќе достигнал 408 милиони евра, при што за само три месеци се реализирани 63 проценти од вкупно планираниот дефицит за целата година. Од СДСМ оценуваат дека ваквите бројки претставуваат „директен демант“ на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека економијата на земјата бележи значителен напредок.
Дополнително, како што наведуваат, приходната страна на буџетот покажува слаба реализација од околу 20 проценти, што според нив укажува на сериозни слабости во фискалната политика.
„Овие бројки се јасен показател за неспособноста на економските политики на Владата и економскиот дилетантизам на Христијан Мицкоски“, стои во соопштението.
Од партијата обвинуваат дека наместо економски раст и развој, актуелната власт генерира зголемување на буџетскиот дефицит. Воедно, додаваат дека Владата не презема мерки за подобрување на животниот стандард, посочувајќи дека нема зголемување на платите и пензиите, ниту прифаќање на предлогот за минимална плата од 600 евра.
СДСМ предупредува дека дефицитот ќе мора да се покрие со ново задолжување, што, според нив, ќе значи дополнителен финансиски товар за граѓаните.
Во соопштението се наведува и дека економијата се соочува со пад на странските инвестиции од 60 проценти, затворање компании и отпуштања на работници, како и долг од 160 милиони евра за поврат на ДДВ кон компаниите.
„Христијан Мицкоски нема капацитет да ја води државата. Неговите политики ја водат државата кон финансиска нестабилност и неизвесност“, велат од СДСМ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

