28 април 2026
• од Гоце Кически
Додека обичните смртници мислат дека работата на еден вицепремиер и министер за транспорт се сведува на досадни автопати, експресни патишта и железнички коридори, Александар Николоски докажа дека ѓаволот (и успехот) е во деталите. Поточно – во уличниот инвентар.
При денешната посета на Прилеп, каде во тек е реконструкцијата на улицата „Кеј 1 Мај“, вицепремиерот покажа дека ниту една штица не смее да остане непрегледана. Иако проектот е поддржан од Светска банка, се чини дека меѓународните кредитори заборавиле на клучниот фактор за стабилност на државата: ергономијата на јавниот простор.
Во стилот на врвен инспекциски орган, Николоски со градоначалникот Проданоски изврши „длабински увид“. И додека јавноста очекуваше можеби збор-два за асфалтот или канализацијата, вистинската ѕвезда на денот беа новите клупи. Граѓаните сега можат да бидат спокојни – ако вицепремиерот дал амин, значи седиштето е стабилно, а потпирачот е во согласност со највисоките владини стандарди за „огромни успеси“.
„Се работат големи инфраструктурни проекти. Некои се тендерираат, некои се градат, а некои, како што гледате, се идеални за кратка пауза меѓу два тендери“, како да порачуваше атмосферата на терен.
Секако, не помина сè во „седење“. Николоски најави дека најважна е обиколницата на градот. Процесот е веќе добро познат:
Останува само дилемата: ако вицепремиерот ги проверува клупите, кој е задолжен за корпите за отпадоци? Веројатно тоа се чува како изненадување за следната прес-конференција каде повторно ќе се зборува за „интензивна поддршка“ и „историски резултати“ додека се шета по новиот тротоар.
Прилепчани, уживајте во „Кеј 1 Мај“. Сега барем знаете дека секоја штица на која ќе седнеме поминала низ вицепремиерски филтер. Прогресот, дефинитивно, нема одмор.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

