28 април 2026
• од Темелко Тошев
Уставниот судија Осман Кадриу, во интервју за телевизија „Алсат“, упати сериозно предупредување во врска со иницијативите пред Уставниот суд за преиспитување на делови од Законот за употреба на јазиците. Според него, евентуалното укинување на членот 23 би значело целосно девастирање на правниот статус на албанскиот јазик во државата.
Членот 23 е клучна одредба која налага хармонизација на сите останати закони со Законот за употреба на јазиците. Овој член практично овозможува јазичните права да се применуваат во сите институции и правни процедури, со што албанскиот јазик се интегрира во правниот поредок на земјата.
„Доколку овие одредби се укинат (аброгираат), тогаш албанскиот јазик го губи атрибутот да биде службен јазик во државата“, дециден е судијата Кадриу.
На прашањето на новинарката Арта Тахири дали укинувањето на делови од овој член практично значи „поништување“ на самиот закон, Кадриу објаснува дека последиците би биле фатални за неговата суштина.
Дебатата во Уставниот суд за јазикот предизвикува големи политички и општествени тензии. Додека одредени страни сметаат дека законот ги надминува уставните рамки, судијата Кадриу и низа политички чинители сметаат дека секоја интервенција во членот 23 би претставувала враќање наназад во поглед на меѓуетничките односи и Охридскиот рамковен договор.
Оваа изјава доаѓа во период кога Уставниот суд се подготвува да ги разгледа претставките поднесени против законот, што се смета за еден од најчувствителните предмети во поновата историја на судот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

