03 ноември 2026
• од Никола Трајковски
Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, ќе биде пуштен од притвор откако судот ја прифати гаранцијата во недвижен имот вредна 1.140.781 евро. Одлуката станала правосилна, а ослободувањето ќе следи по впишувањето на хипотеката.
Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје ја одобрил гаранцијата како замена за притворот. На Бајрами му се одредени и мерки на претпазливост: одземање на пасошот, забрана за издавање нова патна исправа и редовно јавување во судот, објави „Независен весник“.
Бајрами е првообвинет во предметот „Државна лотарија“. Тој се пријавил на граничниот премин Блаце на 9 септември, по повеќемесечно отсуство од земјата, и тогаш бил приведен. По него претходно била распишана меѓународна потерница.
Обвинителството го товари Бајрами, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и уште шест лица за злоупотреба на службената положба во врска со набавка на видеолотариски терминали. Обвинетите се изјасниле дека не се виновни.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

