02 ноември 2026
• од Никола Трајковски
Стабилноста и територијалниот интегритет на Украина се во долгорочен интерес на Турција, бидејќи влијаат врз нејзината политика во Црното Море и односите со туркискиот свет. Ова го изјави турскиот експерт Синан Демиртјурк, пренесува Укринформ.
Според него, значајни мировни преговори можеби нема да има во блиска иднина, но би можеле да се одржат на среден рок. Демиртјурк смета дека признавањето на окупираните украински територии или смената на украинското раководство не би биле во интерес на Анкара.
Тој оцени дека Турција се обидува да придонесе за избалансиран компромис, истовремено одржувајќи контакти со САД и Русија. Експертот ја поврза важноста на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Истанбул и со нејзиниот термин, непосредно по самитот на Организацијата на туркиски држави.
Зеленски на 31 октомври се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. На разговорите биле разгледани можностите за деблокирање на Црното Море и за одржување мировни преговори во Турција.
Во Брвеница до 15 часот гласале 1.515 граѓани повеќе отколку во првиот круг
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

