02 ноември 2026
• од Димитар Стојановски
Клиентите на Алта банка Битола од 2 ноември се ограничени на 10.000 денари неделно за плаќања и подигање готовина со картичка. Банката е под привремена администрација, а нејзините експозитури привремено не работат со клиенти.
Народната банка ја воведе мерката поради ризикот од масовно повлекување депозити по одземањето на дозволата за работа на Алта банка во Србија, мнозински сопственик на битолската банка. Според централната банка, македонската банка е ликвидна и капитално стабилна, а ограничувањата треба да ги заштитат клиентите и финансиската стабилност.
Лимитот од 10.000 денари ги опфаќа и плаќањата во продавници и подигањето пари од банкомат. Трансферите кон сметки во истата банка се дозволени, но плаќањата кон други банки и во странство се ограничени, јавува „Трн“.
Депозитите на физичките лица во земјава се осигурени до 30.000 евра по депонент, но исплата од осигурувањето не е активирана, бидејќи на банката не ѝ е одземена дозволата и не е отворена стечајна постапка. Народната банка соопшти дека привремената администрација може да трае до три месеци, додека се бара решение за сопственоста.
Во Брвеница до 15 часот гласале 1.515 граѓани повеќе отколку во првиот круг
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

