01 ноември 2026
• од Стефан Николов
Околу два милиони евра биле повлечени од Алта банка во готовина и преку трансфери до крајот на 31 октомври, соопшти гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Поради одливот на средства, воведена е привремена администрација и ограничено е користењето на парите од сметките на клиентите.
Според Скопје1.мк, клиентите можат да користат до 10.000 денари неделно преку платежните картички на банката. Картичките, кои привремено биле блокирани, повторно биле ставени во функција. Меѓу сметките во самата банка и натаму се дозволени неограничени трансфери.
Привремените мерки може да траат најмногу три месеци, но Славески очекува проблемот да се реши порано. Тој посочи дека една од можностите е продажба на акциите на Алта банка АД Белград, за која е најавена стечајна постапка.
Банката продолжува да работи, а мерките, според гувернерот, се преземени за заштита на нејзиниот имот и интересите на штедачите. Мобилното и електронското банкарство во моментот не се достапни, но се очекува да бидат обновени во наредните денови.
Во Брвеница до 15 часот гласале 1.515 граѓани повеќе отколку во првиот круг
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

