01 ноември 2026
• од Тодор Вангелов
Алта банка АД Битола од 2 ноември привремено ќе ги затвори своите експозитури за клиенти, до дополнително известување. Одлуката доаѓа во време кога се воведени и ограничувања за користење средства преку платежните картички на банката.
Според информацијата објавена од Плусинфо, согласно одлука на Народната банка, физичките лица ќе можат да користат до 10.000 денари неделно преку картичките на Алта банка.
Од банката велат дека мерките се превентивни и имаат цел да ги заштитат средствата и интересите на клиентите. За следните чекори и евентуални промени, клиентите ќе бидат известени преку официјалните канали на банката.
Во Брвеница до 15 часот гласале 1.515 граѓани повеќе отколку во првиот круг
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

