01 ноември 2026
• од Никола Трајковски
Славјанка Петровска побара одговорност и информации за ограничувањето на исплатите на клиентите на Алта банка. Таа тврди дека граѓаните можат да подигнуваат по 10.000 денари неделно и праша како со тие средства да ги покријат основните и итните трошоци.
Во објава на социјалните мрежи, Петровска посочи дека засегнатите граѓани работеле и штеделе, па не треба да ги сносат последиците од евентуални пропусти на институциите. Од Славески побара да објасни какви проверки биле направени пред одобрувањето на преземањето на банката и што покажувал надзорот.
Таа побара веднаш да биде соопштено до кога ќе важи ограничувањето и како на граѓаните ќе им се овозможи да ги покријат неодложните трошоци. Петровска најави дека ќе бара одговори и во Собранието и порача дека, доколку имало пропусти, треба да има лична одговорност.
Во Брвеница до 15 часот гласале 1.515 граѓани повеќе отколку во првиот круг
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

