02 ноември 2026
• од Темелко Тошев
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ѝ ја честиташе изборната победа на Илијана Јотова и на Кирил Валчев, посакувајќи Бугарија под нејзино водство да има конструктивна улога во регионот и во Европа.
„Во име на граѓаните на Северна Македонија и во мое лично име, упатувам срдечни честитки до претседателката Илијана Јотова и потпретседателот Кирил Валчев за изборната победа“, објави Сиљановска-Давкова.
Таа оцени дека успехот на Јотова ја отсликува волјата на бугарскиот народ и изрази подготвеност за соработка заснована врз меѓусебна почит, отворен дијалог и вистинско партнерство.
Сиљановска-Давкова порача дека со добра волја двете земји можат да ги надминат постојните предизвици, да ги зајакнат билатералните односи и да придонесат за мир, стабилност и просперитет.
Во Брвеница до 15 часот гласале 1.515 граѓани повеќе отколку во првиот круг
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

