01 ноември 2026
• од Димитар Стојановски
Аркин Јахија од Националната алијанса за интеграција води во вториот круг од изборите за градоначалник на Општина Брвеница, покажуваат првичните резултати на Државната изборна комисија. По обработката на сите 24 избирачки места, тој има 4.442 гласа, односно 50,36 отсто.
Неговиот противкандидат Стојанчо Радичевски од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, освоил 4.177 гласа или 47,36 отсто. Разликата меѓу кандидатите е 265 гласа.
Според податоците ажурирани на 1 ноември во 22:51 часот, на гласање излегле 8.820 избирачи, односно 54,29 отсто од обработените избирачи. Регистрирани се 201 неважечко ливче.
Во Брвеница до 15 часот гласале 1.515 граѓани повеќе отколку во првиот круг
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

