03 ноември 2026
• од Гоце Кически
Власта и опозицијата се договорија случајот со АЛТА банка во Битола да биде разгледан на надзорна расправа во Собранието. Ќе се отворат прашањата за воведувањето администрација во банката и постапувањето на Народната банка и другите надлежни институции.
Расправа за случајот ќе се одржи во собраниската Комисија за финансирање и буџет. На координација во Собранието треба да се договорат ставовите и датумот за продолжување на работата на Комисијата, објави 4 њуз.
Предлогот за расправа првично го поднесе СДСМ, а по барање на ВМРО-ДПМНЕ беше изменет и од него беа отстранети зборовите „за измамата на граѓаните“.
Владејачката партија вели дека поддржува дебата, но предупредува таа да не се политизира. Опозицијата смета дека случајот отвора прашања за банкарскиот надзор, заштитата на штедачите и одговорноста на институциите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

