03 октомври 2026
• од Гоце Кически
Планираниот експресен пат преку Струмица и Ново Село треба да продолжи до границата со Бугарија, а веќе е почната постапка за подготовка на потребната проектна документација, соопштија од Министерството за транспорт.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска престојуваше во Струмица, каде со градоначалникот Петар Јанков разговараше за инфраструктурните проекти во регионот.
Една од најзначајните идни инвестиции е експресниот пат Радовиш – Струмица – Ново Село – граница со Бугарија. Во тек е постапка за избор на проектантска и консултантска компанија која треба да ја подготви документацијата за проектот.
Предвидена е изработка на предпроектни анализи, еколошки и социјални студии и физибилити студија. По завршувањето на подготовките треба да следува избор на изведувач и почеток на градежните работи.
Николоски претходно најави дека трасата нема да завршува во Струмица, туку ќе продолжи преку Ново Село до македонско-бугарската граница. Проектот треба да се финансира со средства на Јавното претпријатие за државни патишта.
Со изградбата на оваа делница се планира подобро патно поврзување на струмичкиот регион со Бугарија и подобрување на условите за прекуграничниот сообраќај.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

