04 септември 2026
• од Темелко Тошев
Новинарот и аналитичар Љупчо Зиков во своето најново излагање се осврна на еден од најгорливите проблеми во државата – масовното иселување. Според него, граѓаните веќе не си заминуваат исклучиво од економски причини, туку пред сè поради токсичната општествена и политичка клима која го гуши нормалното секојдневие.
Зиков истакнува дека разочарувањето кај граѓаните е дојдено до тој степен што државата за нив веќе не претставува тема на размислување, а плановите за заминување се сеприсутни.
„Јас не познавам во последниве десет години луѓе што заминале или што планираат да заминат. Има и такви во моментот со кои седиме, сите се со план да заминат. Македонија им е толку небитна тема веќе. Значи, тие не анализираат дали да останат тука кај што се“, потенцира Зиков.
Тој додава дека дури и информациите за економските потешкотии во западните земји не ги одвраќаат луѓето од нивната намера да се иселат. Фокусот на оние кои заминуваат, на пример во Германија, одамна не е само на висината на платата, туку на генералниот квалитет на живот, културата и поинаквиот менталитет.
„Еј, Германија е сега тема, ѝ оди тешко... Но, тој што оди таму вели: ’Колку и да заработувам, таму животот ми е подобар. Сакам тука да дојдам, да ги видам моите, но таму ќе живеам‘. Секојдневието ќе му биде поразлично – нова средина, јазик, култура, расположење“, објаснува тој, додавајќи дека луѓето во странство едноставно имаат поинаков поглед на светот.
На крајот, Зиков ја лоцира клучната причина за ваквата апатија и желба за бегство од државата – прекумерната исполитизираност која не остава простор за нормален живот.
„Луѓето таму не гледаат на работите како што ние тука гледаме. Ние тука се будиме и заспиваме со СДСМ и ВМРО“, заклучува Зиков, испраќајќи јасна порака дека токму ваквото политичко секојдневие е главниот двигател на иселувањето.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

