03 септември 2026
• од Темелко Тошев
Влезот на Македонија во Европската Унија до 2030 година е остварливо сценарио и реална можност, но само доколку државата конечно се посвети на решавање на суштинските барања поставени од Брисел. Ова го истакна аналитичарот и новинар Љупчо Зиков, коментирајќи ја динамиката на евроинтегративните процеси на земјава.
Според Зиков, иако во јавноста понекогаш се создава политички страв и неизвесност, време за остварување на оваа стратешка цел реално сè уште има. Тој потсетува дека низ годините наназад, Македонија успешно реализирала голем дел од задачите и таканаречените „бенчмаркови“ зададени од Унијата.
„Ние имаме многу реформи направено што се европски реформи како такви. Но, големите работи што треба да ги направиме, што Европа ги бара како суштина – ние не ги правиме“, нагласува Зиков, лоцирајќи го главниот проблем во одложувањето на клучните политички и институционални процеси.
Тој смета дека доколку државата покаже капацитет и ги испорача овие суштински барања, Македонија сигурно ќе го фати „европскиот воз“ за 2030 година. Овој бран на проширување, според неговите проценки, ќе опфати цел еден пакет на држави кои чекаат пред вратите на ЕУ.
„Можеби Црна Гора ќе влезе порано, но во тој пакет до 2030 година се Албанија, Македонија, Молдавија, па дури и Украина, доколку таму заврши војната“, заклучува тој.
Пораката е јасна – топката е во нашиот двор. Останува на домашните политички фактори да покажат дали овој оптимизам ќе се преточи во реалност преку конкретни чекори, или земјава ќе ризикува да го испушти и овој пакет на проширување.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

