TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Извештај на ДЗР: Фалат лаптопи, плати се исплаќале без доказ за работа во Министерството со кое раководеше Груби

04 март 2026

• од Станча Јаќимовски

Државниот завод за ревизија (ДЗР) објави сериозно критички извештај за работењето на Министерството за односи меѓу заедниците за 2024 година, институција која претходно беше под раководство на Артан Груби. Ревизијата откри низа неправилности, недостиг на опрема, сомнителни исплати и слабости во управувањето со буџетските средства.

Ревизорите дале неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи, како и за усогласеноста со законската регулатива. Според извештајот, утврдени се сериозни пропусти во начинот на евидентирање и користење на средствата со кои располага Министерството.

Недостасуваат лаптопи и опрема

Една од најалармантните констатации на ревизијата е дека при годишниот попис не биле пронајдени значителен дел од основните средства. Дури 28 проценти од основните средства, со вредност од околу 25.360 евра, не биле евидентирани при пописот.

Дополнително, 30 преносни компјутери исчезнале од евиденцијата, што ревизорите го поврзуваат со фактот дека во Министерството не постоела пракса на издавање реверси за опремата која им се доделува на вработените.

Покрај тоа, за седум службени возила воопшто не била водена сметководствена и материјална евиденција, што дополнително ја доведува во прашање контролата врз државниот имот.

Плати исплаќани без доказ за присуство на работа

Ревизијата открива и сериозни проблеми со исплатата на плати. Во Министерството биле исплатени 165 милиони денари за плати и надоместоци на 244 вработени, но за 150 од нив немало доказ дека редовно доаѓаат на работа.

Иако постои електронски систем за евиденција на работното време, платите биле исплаќани без проверка на присуството на работа или исполнување на полно работно време, што отвора сериозни прашања за начинот на управување со човечките ресурси.

Пари дадени на здруженија без контрола

Дополнителни слабости се утврдени и во распределбата на средства за здруженија и фондации. Во 2023 година Министерството исплатило 19,8 милиони денари (околу 320.900 евра) на 33 организации.

Сепак, ревизијата покажала дека повеќе од половина од нив – 17 организации – треба да вратат дел од средствата, бидејќи не доставиле докази како ги потрошиле парите. До моментот на ревизијата само дел од средствата биле вратени, додека за некои организации се водат постапки за медијација или судски спорови.

Дополнително, документацијата во дел од апликациите била доставена само на албански јазик без превод на македонски, што е спротивно на Законот за употреба на македонскиот јазик.

Сомнителни јавни набавки и гориво за непознати возила

Ревизорите откриле и проблематични јавни набавки. Министерството исплатило 516 илјади денари за гориво, но без да се врши контрола на регистарските таблички на возилата. Тоа овозможило гориво да се точи и во возила кои не се во сопственост на Министерството.

Дополнително, во една постапка биле прифатени понуди со невообичаено ниски цени, како што е сервисирање возила по цена од 0,01 денар за работен час, без комисијата да побара дополнително објаснување. Во некои случаи биле фактурирани резервни делови со цени неколкукратно повисоки од понудените.

Систем со илјадници работни места, а само 10% пополнети

Според ревизијата, Министерството има систематизација за 2.556 работни места, но заклучно со крајот на 2024 година биле пополнети само 244 позиции, односно околу 10 проценти.

Ревизорите оценуваат дека ваквата состојба ја искривува реалната слика за потребните кадровски капацитети и укажува на долготрајни проблеми во организацијата на институцијата.

Сериозни системски слабости

ДЗР заклучува дека во Министерството постојат сериозни системски слабости во финансиското управување, контролата на имотот и спроведувањето на јавните набавки. Дел од неправилностите, според ревизорите, се предмет и на постапување од страна на други надлежни институции.

Извештајот отвора низа прашања за начинот на кој се управувало со државните средства во периодот кога институцијата беше под раководство на Артан Груби.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
СВЕТ
21 септември 2026

Калин Џорџеску приведен во Романија поради сомнение за измама од 1,1 милион евра

СВЕТ
21 септември 2026

Тринаесет земји бараат „темелно чистење“ на законите на ЕУ

МАКЕДОНИЈА
21 септември 2026

Деветта жртва од западнонилска треска: Почина 66-годишен пациент

МАКЕДОНИЈА
21 септември 2026

Сведок за пожарот во „Пулс“: Полицаец ми рече дека спасувањето не е негова работа

МАКЕДОНИЈА
21 септември 2026

Средба под една минута со американскиот државен секретар Рубио во хотелско лоби, Мицкоски ја нарече разговор од „особено значење“

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
21 септември 2026

Бугарија врати над два тона кисело млеко од битолската „Лацталис МК Млекарница“

МАКЕДОНИЈА
21 септември 2026

Муцунски и Сафади потпишаа меморандум за политички консултации

СВЕТ
21 септември 2026

Тројца јужнокорејски војници повредени во експлозија на границата со Северна Кореја

МАКЕДОНИЈА
21 септември 2026

Анонимна пријава бара истрага за можен шверц на мигранти преку скопскиот аеродром

СВЕТ
21 септември 2026

ЕУ не попушта пред Норвешка, останува забраната за дупчење на Арктикот

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
20 септември 2026

На компјутерот на Путин се појави порака „Активирај Виндоус“

СВЕТ
20 септември 2026

Што знаеме (и сè уште не знаеме) за „придруженото членство“ на Канада

МАКЕДОНИЈА
20 септември 2026

Филипче: Економската криза се продлабочува, инвестициите паѓаат

СВЕТ
20 септември 2026

Демохристијански сојуз на Мерц со историски пад, Алтернатива за Германија прва во Мекленбург-Западна Померанија

СВЕТ
20 септември 2026

Мелони најави забрана за покривање на лицето во италијанските училишта

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
20 септември 2026

Филипче: Владата со кинески пари ги поткопува односите со САД и ЕУ

СВЕТ
20 септември 2026

Бугарски лекари четврта година прегледуваат жители во Мала Преспа

МАКЕДОНИЈА
20 септември 2026

Филипче: Животните трошоци растат, минималната плата да биде 600 евра

СВЕТ
20 септември 2026

Украина врати 125 квадратни километри во операцијата „Вивалди“

МАКЕДОНИЈА
20 септември 2026

Филипче: Мицкоски не е на објавениот список за средба со Трамп

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
20 септември 2026

Макрон ја истакна блиската соработка со Канада при посетата на Сен Пјер и Микелон

МАКЕДОНИЈА
20 септември 2026

Лекар најави штрајк со глад по третото одбивање за вработување

МАКЕДОНИЈА
20 септември 2026

Ивана Петковска: Македонското правосудство тоне во бавност и нетранспарентност

СВЕТ
20 септември 2026

Бугарски вселенски успех: ЕндуроСат стана компанија вредна над милијарда долари

МАКЕДОНИЈА
20 септември 2026

СДСМ: Трошоците на земјоделците растат, а производните цени паѓаат

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
20 септември 2026

Зеленски: Украина првпат употреби балистичка ракета „Пеликан“ во стратешки удар врз Москва

МАКЕДОНИЈА
20 септември 2026

Мицкоски бара ЕУ да седне на масата што самата ЕУ веќе ја поставила и ги дефинирала правилата на неа

СВЕТ
20 септември 2026

Германскиот генерал Карстен Бројер ќе го предводи Воениот комитет на НАТО

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега