19 септември 2026
• од Стефан Николов
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, тврди дека зависноста на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од државниот буџет значително се зголемила и дека годинава за исплата на пензиите ќе бидат потребни околу една милијарда евра буџетски средства.
Во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5, Филипче рече дека буџетскиот недостиг во пензискиот фонд во претходните години бил околу 500 милиони евра. Според бројките што ги изнесе, во 2024 година изнесувал околу 530 милиони евра, во 2025 година околу 690 милиони, додека проекцијата за 2026 година достигнува една милијарда евра.
Тој оцени дека ваквиот раст покажува проблеми во управувањето со јавните финансии и предупреди дека сè поголем дел од парите за пензии мора да се обезбедува директно од државниот буџет.
Филипче го критикуваше и линеарното зголемување на пензиите, оценувајќи дека таквиот модел не е праведен за сите пензионери.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

