13 август 2026
• од Темелко Тошев
Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, ја коментираше 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, покренувајќи прашања околу неговото спроведување и положбата на Албанците во Северна Македонија.
Таравари го опишува Охридскиот договор како еден од најважните и најдискутираните договори во историјата на земјата, нагласувајќи дека за Албанците тој претставувал голем чекор кон слобода и еднаквост.
Сепак, тој го поставува прашањето дали договорот е целосно спроведен во пракса и дали истиот е доволен за денешната реалност.
„Како е можно, дури и по цел четврт век од неговото потпишување, Албанците во многу случаи сè уште да бидат игнорирани и понижувани?“, истакнува Таравари.
Според него, ваквата состојба наметнува потреба од нов политички пристап и нов договор за иднината на земјата, со посебен акцент на односите и соработката меѓу самите Албанци.
„Ова се прашања кои можеби бараат еден Нов Договор, за подобра иднина на нашата држава, овој пат особено меѓу Албанците“, заклучува Таравари.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

