12 август 2026
• од Темелко Тошев
Во земјава е регистриран смртен случај на 83-годишен пациент, кој имал повеќе претходни хронични заболувања, но кај кого била дијагностицирана и западнонилска треска.
Во текот на денешниот ден (12 август), се очекува Министерството за здравство да излезе со подетални официјални информации за состојбата на заболените пациенти, како и да потврди дали има евентуални нови случаи на заразени со овој вирус.
Здравствените власти апелираат на посебно внимание и претпазливост, особено кај повозрасните граѓани и лицата кои имаат хронични заболувања, со оглед на тоа што токму тие спаѓаат во најризичната група кај која може да дојде до потешка форма и компликации од болеста.
Според статистичките податоци, во последните 15 години во Македонија се регистрирани вкупно пет смртни случаи кои биле поврзани со вирусот на западнонилската треска, која најчесто се пренесува преку каснување од заразен комарец. Граѓаните се повикуваат на лична заштита од комарци и избегнување на места со застоена вода кои се поволни за нивно размножување.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

