02 октомври 2026
• од Тодор Вангелов
Инцидентот на летот од Дубаи кон Тел Авив, во кој копилотот наводно го нападнал капетанот, отвори нови прашања за безбедносните проверки на пилотите и членовите на екипажот.
Според Асошиејтед прес, копилотот на летот на „Флајдубаи“ наводно го избодел капетанот во пилотската кабина, по што интервенирале патници во авионот. На летот имало 182 лица, меѓу кои и осум членови на екипажот.
Авионот, кој летал од Дубаи кон Тел Авив, потоа безбедно принудно слетал во Саудиска Арабија.
Асошиејтед прес наведува дека случајот го истражуваат властите на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Израел, додека САД и Оман помагаат во напорите да се утврди мотивот за нападот.
Поранешниот израелски советник за национална безбедност Ејал Хулата изјавил дека досегашните безбедносни мерки главно биле насочени кон патниците и нивниот багаж, додека заканата од пилот или друг член на екипажот не се сметала за веројатно сценарио. Тој очекува по овој случај да бидат засилени проверките и на членовите на екипажот.
Експертот за воздухопловна безбедност Филип Баум за Асошиејтед прес посочил дека аеродромот во Дубаи посветува големо внимание на безбедноста и на зачувувањето на својата репутација како едно од најголемите меѓународни авијациски средишта.
Фон дер Лајен пристигна во Северна Македонија, Рокас на пречекот во Скопје
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

