04 октомври 2026
• од Гоце Кически
Чесната глава на свети Климент Охридски пристигна во Стара Загора од Грција, каде што беше пречекана од старозагорскиот митрополит Кипријан и со свечена поворка беше пренесена до катедралниот храм „Свети Николај“.
Според БТА, поворката тргнала од зградата на Обласната администрација, а ја предводел воениот духов оркестар на Втората тунџанска механизирана бригада.
На пречекот присуствувале повеќе православни архијереи и свештеници, како и голем број верници.
Со пристигнувањето на моштите почнуваат неколкудневните црковни свечености во Старозагорската епархија, кои ќе траат до 7 октомври. Тогаш се очекува градот да го посети и бугарскиот патријарх Даниил.
Годинава епархијата одбележува повеќе јубилеи, меѓу кои 155 години од нејзиното основање и 130 години од изборот на првиот старозагорски митрополит Методиј.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

