04 октомври 2026
• од Гоце Кически
Германија ѝ додели на Украина нов пакет помош вреден повеќе од 1,3 милијарди евра. Поддршката опфаќа оружје, зајакнување на енергетскиот сектор и подготовка за зимата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја објави помошта по средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Киев, пренесува UKRINFORM. Дел од средствата ќе бидат наменети за производство на нови пресретнувачи на руските беспилотни летала „Шахед“.
Украина и Германија потпишаа и 15 документи за безбедносна соработка, производство и заеднички проекти, со вкупна вредност од над 8,5 милијарди евра. Зеленски му се заблагодари на Мерц за посетата во време на засилени руски напади и оцени дека германската поддршка е важна за безбедноста на Украина и Европа.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

