05 октомври 2026
• од Гоце Кически
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека неговата партија нема да му биде „алиби“ на премиерот Христијан Мицкоски за распишување предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека власта има доволно мнозинство во Собранието и може самата да донесе одлука за избори.
Филипче ги отфрли тврдењата дека СДСМ дејствува како здружена опозиција со ДУИ и Левица. Според него, СДСМ е единствената вистинска опозициска партија, а Левица ја обвини дека застапува политики спротивни на европскиот пат на земјата.
Тој ја критикуваше Владата и за неисполнување на предизборните ветувања, оценувајќи дека земјата е оставена во застој на патот кон Европската Унија.
„Зошто му треба алиби за избори од СДСМ кога има две третини во парламентот? Може кога сака да ги распише изборите“, рече Филипче.
Во однос на измените на Изборниот законик, Филипче рече дека СДСМ ќе ги поддржи препораките на ОБСЕ и ОДИХР, но нема да прифати промени во начинот на гласање на дијаспората за кои партијата смета дека можат да создадат простор за изборни манипулации.
Тој додаде дека СДСМ се противи и на промена на правилата за означување на гласачкото ливче и инсистира гласачите да го заокружуваат бројот пред името на политичката опција.
Филипче исто така негираше дека постои координација со други опозициски партии за заедничко политичко дејствување. Тој најави дека СДСМ, доколку е потребно, и писмено ќе ги достави своите позиции до премиерот.
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
ЕУ со над 700.000 евра поддржа нова градинка во Пршовце, запишани 120 деца
Трговскиот дефицит на Северна Македонија порасна на 148,9 милијарди денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

