04 октомври 2026
• од Тодор Вангелов
Русија во изминатата недела употребила повеќе од 1900 нападни дронови, 1700 воздушни бомби и 25 ракети против Украина, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во последниот напад биле употребени 135 дронови, а цел биле Киев и повеќе украински региони. Погодени биле станбени згради, енергетска, медицинска и телекомуникациска инфраструктура. Едно лице загинало во Суми, а шестмина биле повредени во Днипро, објави UKRINFORM.
Зеленски повика на посилна меѓународна поддршка за заштита на Украина од руските напади. Тој најави нови договори со Германија за зајакнување на украинската и европската одбрана.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

