04 октомври 2026
• од Гоце Кически
Во рускиот регион Иркутск се прошири загриженост по смртта на 28-годишна лабораториска работничка која истражувала опасни патогени. Локални медиуми објавија дека можеби била изложена на бактеријата што предизвикува чума, но руските власти тврдат дека починала од пневмонија со непознато потекло.
Како што пишува Евроњуз, Дарија Шипилова, вработена во институт за истражување на опасни заразни болести, починала на 2 октомври во болница во Шелехов. Според информации објавени во локалните медиуми, неколку дена претходно во лабораторијата наводно скршила епрувета со материјал што содржел бактерија на чума.
По нејзината смрт биле преземени засилени здравствени мерки. Околу 200 лица биле ставени под медицински надзор, а во дел од здравствените установи биле воведени карантински мерки. Жители пријавиле и присуство на медицински екипи со заштитна опрема.
Нејасните и променливи информации од руските власти дополнително ја зголемиле загриженоста. Во првите соопштенија се зборувало за „особено опасна инфекција“, без директно да се спомене чума.
Руските здравствени власти подоцна соопштија дека жената починала од „пневмонија со непозната причина“ и дека дополнителните анализи не откриле микроорганизми поврзани со нејзината работа.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

