14 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Илјадници корисници низ државата се соочуваат со сериозни потешкотии при користењето на апликацијата „МојДДВ“. Повеќе од два дена платформата е практично неупотреблива, што предизвика лавина од незадоволство меѓу граѓаните кои не можат да ги скенираат своите фискални сметки.
Проблемот е конзистентен кај голем број корисници – при секој обид за најава и внесување на личниот ПИН-код, апликацијата враќа системска порака: „Нема конекција од УЈП“.
И покрај тоа што граѓаните се жалат на целосен прекин на функционалноста, од Управата за јавни приходи (УЈП) преку својата официјална Фејсбук страница пласираа кусо соопштение во кое ја минимизираат сериозноста на проблемот.
„Ве информираме дека апликацијата МојДДВ моментално функционира со повремени забавувања. Нашите тимови активно работат на утврдување на причините и на надминување на предизвиците, со цел што поскоро да се обезбеди нејзино непречено функционирање“, стои во објавата.
Официјалното соопштение наиде на дополнителен револт кај корисниците, кои во коментарите на социјалните мрежи истакнуваат дека терминот „повремени забавувања“ не ја отсликува реалната состојба, бидејќи апликацијата е целосно недостапна веќе 48 часа.
Многумина стравуваат дека доколку прекинот продолжи, нема да можат навреме да ги скенираат сметките пред истекот на законскиот рок, што директно ќе влијае на висината на поврат на ДДВ што го остваруваат како корисници.
Од надлежните институции сè уште нема прецизна информација кога техничките проблеми целосно ќе бидат надминати и кога корисниците повторно ќе можат непречено да ја користат апликацијата.
Евростат: Северна Македонија меѓу земјите со најдолга работна недела во Европа
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

