10 мај 2026
• од Темелко Тошев
Наместо слободен викенд во кругот на семејството, 43-годишен велешанец викендот го заврши во полициска станица, а потоа и зад решетките во Идризово, откако полицијата кај него пронашла дрога.
Инцидентот се случил вчера попладне во Велес. Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода лицето Ѓ.К. (43).
Она што го прави овој случај специфичен е фактот дека приведениот веќе издржувал долгогодишна затворска казна. По извршените проверки, полицијата утврдила дека станува збор за осуденик кој не се наоѓал случајно на улиците во Велес.
„Лицето издржувало казна затвор во траење од пет години и 10 месеци во Казнено-поправната установа Затвор Идризово. Во моментот на приведувањето, тој го користел законското право на викенд отсуство“, се вели во соопштението на МВР.
По приведувањето, Ѓ.К. веднаш бил спроведен назад во затворот Идризово за доиздржување на првичната казна. За новиот прекршок веќе е известен јавен обвинител.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, што веројатно ќе значи дополнителни проблеми со законот и губење на привилегиите за идни слободни викенди.
Кошта до Македонците: Ве чекаме во ЕУ, време е да се впишат Бугарите во Уставот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

