10 мај 2026
• од Темелко Тошев
Скопје вчера беше сведок на уште еден грозоморен чин на насилство врз службени лица кои си ја извршуваат својата должност. Комунален редар од Град Скопје заврши во болница со тешки телесни повреди и скршен нос, откако група насилници брутално го нападнале на булеварот „Илинден“.
Според официјалните податоци од МВР, инцидентот се случил во раните утрински часови, поточно во 00:10 часот. Тројца комунални инспектори, додека биле на смена, забележале група од три лица кои се однесувале деструктивно кон јавниот имот.
За случајот се огласи и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, кој најостро го осуди ваквото вандалско однесување.
„Агресорите биле во видливо алкохолизирана состојба. Претходно уништувале јавен имот и уринирале врз возила на градскиот паркинг. Ова е недозволиво однесување кон луѓе кои се грижат за редот во нашиот град,“ изјави Ѓорѓиевски.
Повредениот редар веднаш бил пренесен во болница каде му била укажана итна медицинска помош и му се констатирани фрактури на носната коска.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот е веќе документиран. По целосното идентификување на сторителите и расчистување на сите околности, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Овој инцидент уште еднаш го отвора прашањето за безбедноста на теренските служби кои секојдневно се изложени на ризик од несовесни граѓани.
Кошта до Македонците: Ве чекаме во ЕУ, време е да се впишат Бугарите во Уставот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

