01 август 2026
• од Тодор Вангелов
Тројца жители на тетовскиот регион се лишени од слобода по полициски претреси при кои биле пронајдени различни видови дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во Тетово, при претрес во домот и помошните простории на Л.М. (36), извршен врз основа на судска наредба, полицијата пронашла и одзела кеса со бела прашкаста материја.
Во одвоен претрес во село Требош, кај Р.Т. (37), била пронајдена и одземена марихуана.
Истиот ден, при претрес во домот на Н.А. (41) во село Доброште, полицијата пронашла и одзела марихуана и хашиш.
Од МВР информираат дека тројцата осомничени се лишени од слобода, а по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

