30 јули 2026
• од Темелко Тошев
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за време на денешната собраниска седница за пратенички прашања упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски, отворајќи го прашањето за квалитетот и безбедноста на водата за пиење во неколку региони низ земјата. Според него, актуелната состојба со загадената вода директно го загрозува јавното здравје, а Владата покажува недоволна транспарентност и изостанок на навремени информации за граѓаните.
„Водата е загадена во пола држава – во Гостивар, Валандово, Скопје и во повеќе други општини, а јавноста сè уште нема одговор на клучните прашања. Кој е одговорен, кој ги вршел контролите и зошто резултатите не биле навремено објавувани?“, праша Филипче од собраниската говорница.
Тој посебно се осврна на состојбата со водата во болницата во Лешок, посочувајќи дека примерок земен од чешма во таа здравствена установа покажал присуство на загадување. Во таа насока, тој побара од надлежните институции веднаш да ги објават најновите лабораториски анализи и целосно да ја информираат јавноста за вистинската состојба на терен.
Филипче изрази и револт од различните изјави кои доаѓаат од владините претставници во врска со исправноста на водата во Гостивар, оценувајќи дека спротивставените информации дополнително создаваат паника и несигурност кај граѓаните.
Како дополнителен сериозен проблем, лидерот на опозицијата ја спомена и појавата на бела пена во реката Лепенец, во близина на бунарите што го прават дополнувањето на изворот Рашче, од каде што се снабдува со вода за пиење значаен дел од главниот град Скопје, нагласувајќи дека јавноста нема добиено доволно и прецизни информации за овој инцидент.
На крајот, Филипче потенцираше дека ваквите чувствителни прашања мора да бидат предмет на експертски анализи и дека секој третман на водата за пиење мора строго да се води според професионалните и здравствените стандарди за заштита на населението.
Ахмети: Европскиот пат и Охридскиот договор се темелите на иднината на земјата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

