11 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, нема веднаш да замине зад решетки. Откако Кривичниот суд информираше дека му е издаден упатен акт според кој треба да се јави во затворот „Скопје“ на 2 јули, Јакимовски најави дека ќе бара одложување на извршувањето на затворската казна.
Информацијата за порталот „Фокус“ ја потврдил самиот Јакимовски, како и неговиот адвокат Виктор Цветковски, посочувајќи дека за ваквиот чекор постојат издржани аргументи кои се во согласност со Законот за извршување на санкциите.
„Постои законска можност, а постојат и оправдани здравствени причини... да, сигурно дека ќе бараме одложување“, изјавил адвокатот Цветковски.
Пред неколку дена, Кривичниот суд соопшти дека по пресудата на Апелација, Јакимовски е правосилно осуден на една година затвор за случајот поврзан со изградбата на општинската зграда.
Сепак, тој нема да ја одлежи целосната година. Во изречената казна му се пресметуваат и петте месеци кои тој веќе ги помина во притвор. Тоа значи дека поранешниот градоначалник треба да помине уште седум месеци во затворот во Шуто Оризари.
Паралелно со барањето за одложување, Јакимовски најави дека правната битка ќе ја продолжи пред Врховниот суд, каде што ќе ја оспорува правосилната пресуда.
Според законските прописи, барањето за одложување на почетокот на извршувањето на казната затвор мора да се поднесе во рок од три дена од денот на приемот на упатниот акт.
Доколку судот го прифати барањето поради болест, одложувањето трае сè додека трае лекувањето. Притоа, осуденото лице има обврска на секои 30 дена да доставува доказ за својата здравствена состојба.
Законот предвидува одложување на влегувањето во затвор доколку осудениот исполнува еден од следните услови:
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

