11 јуни 2026
• од Темелко Тошев
На собраниската седница на која се расправаше за интерпелацијата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, лидерот на Левица и пратеник, проф. д-р Димитар Апасиев, упати остри критики за состојбата во македонскиот аграр.
Тој ја оцени ситуацијата како катастрофална, обвинувајќи ги актуелните политики за уништување на домашното производство, десеткување на сточниот фонд и фаворизирање на прекупците на штета на земјоделците.
Апасиев предупреди на растечката зависност од увоз на основни прехранбени производи, истакнувајќи го апсурдот држава со одлични природни услови да генерира огромен трговски дефицит. Тој посочи дека државата нема долгорочна визија, ниту пак ги користи механизмите што некогаш обезбедувале стабилност.
„Ние сме земја која е увозно зависна од храна. Срамота! Земја со 280 сончеви денови – увозно зависна од храна. 600 милиони евра трговски дефицит. Наместо да завршуваат кај нашите земјоделци, им ги даваме на странци. Над една милијарда трошиме само да се прехраниме од странство“, нагласи Апасиев.
Лидерот на Левица презентираше алармантни бројки за падот на површините под житни и индустриски култури. Според неговите податоци:
„Елементарно е. Ако вие ги зголемувате субвенциите, треба и производството да расте. Значи нешто ви е килаво во системот, не ви функционира“, посочи тој.
Поразителни се бројките и во сточарството. Апасиев потсети дека во времето на СФРЈ сме имале 2,5 милиони овци, додека денес таа бројка е едвај 470.000 (пад од 80%). Бројот на говеда е исто така преполовен, од 300.000 на 140.000 грла.
Осврнувајќи се на откупните цени, Апасиев истакна дека најголемата добивка ја остваруваат прекупците, додека примарните производители се принудени да продаваат под производната цена.
„Што тоа ви кажува? Дека прекупците го собираат кајмакот. При инфлација од 5%, сите цени одат нагоре, само цените на земјоделските производи кај примарните производители одат надолу. Пченицата 9 денари им ја плаќате, а на земјоделецот да ја произведе го чини 22 денари. Оризот 20 денари, а да го произведе 25.“
Тој ја критикуваше и политиката кон лозарството, посочувајќи дека државната поддршка наместо кај лозарите, завршува кај винариите.
Како излез од кризата, пратеникот предложи враќање на комбинираниот модел на земјоделско производство и итно формирање на специјализирана банка за земјоделците.
„Спасот е во комбиниран модел којшто ние го имавме, а тоа се големи ЗИК-ови, задруги и бавчаванџии. Немаме стратешки култури, а тоа се афионот и конопот. Очајно ни е потребна агробанка за зелени кредити, за системи за заштита и за циркуларна економија поврзана со исхрана и училишни мензи.“
Своето обраќање од собраниската говорница, Апасиев го заврши со директна критика кон министерот Трипуновски:
„Вие не сте министер на земјоделците. Вие сте министер на шумската и кванташката мафија!“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

