27 јули 2026
• од Темелко Тошев
Македонската јавност со тага се простува од легендарниот актер Гоце Тодоровски кој почина на 75-годишна возраст. Неговата ќерка Сашенка преку емотивна објава на социјалната мрежа Фејсбук се прости од својот татко, споделувајќи детали за неговата последна животна битка.
„Го изгубивме… По голема борба го напушти овој свет. Срцето не издржа, престана да чука. Лекарите направија сѐ што можеа, но не успеаја да го спасат. Имаше огромна желба за живот“, напиша Сашенка.
Во својата порака, таа му оддаде последна почит на својот татко, истакнувајќи дека неговото заминување претставува вечен непребол за целото семејство.
„Лесна ти земја, татко мој. Вечен непребол. Душата не умира, а телото беше премногу истрошено. Летај со ангелите“, додаде таа.
Во објавата, Сашенка се присети и на блискиот пријател и кум на нејзиниот татко, актерот Ванчо Петрушевски, наведувајќи дека по неговото заминување, дел од Гоце засекогаш исчезнал.
Гоце Тодоровски остава зад себе богато актерско наследство и бројни незаборавни улоги кои ќе останат трајно врежани во македонската културна историја.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

