27 јули 2026
• од Гоце Кически
СДСМ побара од Владата да ги објави официјалните анализи за водата во Гостивар, откако министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека таа може да се користи како техничка вода.
Од опозициската партија велат дека досега не се објавени резултатите од анализите и прашуваат врз основа на кои параметри е донесен заклучокот дека водата може да се користи за технички потреби.
Според СДСМ, неопходно е надлежните здравствени институции, пред сè Институтот за јавно здравје, јавно да објаснат за кои намени е безбедна водата и дали може да се користи за лична хигиена, особено кај деца, постари лица и други ранливи категории.
Партијата смета дека одговорите треба да ги дадат здравствените власти, а не Министерството за внатрешни работи. Воедно бара Владата да го објави официјалниот документ со резултатите од анализите, како и да соопшти која институција ги изработила и кој го потпишал извештајот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

