02 август 2026
• од Никола Трајковски
Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено по суви коловози, но фреквенцијата на возила е зголемена на патните правци надвор од градските средини.
Најголеми задржувања има на граничниот премин Табановце, каде за влез во Македонија се чека повеќе од еден час. На Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 15 минути, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања.
Од АМСМ апелираат возачите да возат внимателно, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да ја прилагодат брзината на условите на патот. Посебна претпазливост се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде постои можност од појава на одрони.
Во сила остануваат и летните ограничувања за тешките товарни возила. Денеска, како недела, забрането е нивното движење на државните патишта од 09:00 до 22:00 часот, а на магистралниот пат А2 Скопје – Охрид важи и дополнително ограничување за товарни возила над 7,5 тони од 07:00 до 22:00 часот, со исклучок на возилата што превезуваат леснорасиплива стока, живи животни, хуманитарна помош и други категории предвидени со прописите.
На повеќе патни правци низ државата и натаму има времен режим на сообраќај поради градежни работи, меѓу кои на делниците Гостивар – Стража, Желино, Прилеп – Битола, Штип, како и на автопатот Кичево – Охрид, каде сообраќајот се одвива со девијации и поставена сигнализација. Возачите се повикуваат да ги почитуваат ограничувањата и насоките на терен.
Велешанец приведен откако при сечење метал предизвикал пожар кај Башино Село
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

